Битие (1 Moj.) 37:33-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Тој ја препозна и рече: „Облеката е на мојот син! Див ѕвер го растрга! Јосиф е растрган на делови!”

34. И Јаков ја скина својата облека, стави покорничко вреќиште околу половина, и долго време го оплакуваше својот син.

35. Сите негови синови и сите негови ќерки настојуваа да го утешат, но тој не можеше да се утеши. Велеше: „Со тага ќе слезам при својот син во подземјето. Така го оплакуваше неговиот татко.

36. А Мадијамците го продадоа, во Египет, на Петефриј, фараонов царедворец, началник на телохранителите.

Битие (1 Moj.) 37