Битие (1 Moj.) 35:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Тогаш Бог се вознесе од него, каде што му зборуваше.

14. На местото каде што Бог разговараше со него, Јаков исправи столб, столб од камен; принесе жртва врз него и го полеа со масло.

15. А местото каде што му зборуваше Бог, Јаков го нарече Ветил.

16. Потоа тргнаа од Ветил. Имаше уште малку пат до Еуфрат, а Рахила се најде на породување. Ја нападнаа тешки болки.

17. Кога породилните болки и беа најголеми, бабицата и рече: „Не бој се, зашто и овој ти е син!”

18. Кога се делеше од душата - зашто Рахила умираше - му го даде на синот името Венони; но таткото го нарече Венијамин.

19. Така почина Рахила. Ја погребаа покрај патот за Ефрат, односно Витлеем.

Битие (1 Moj.) 35