Битие (1 Moj.) 34:26-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Ги пресекоа со меч Емора и неговиот син Сихем, ја зедоа Дина од Сихемовата куќа и си отидоа.

27. Другите Јаковови синови дојдоа при убиените и го опустија градот, зашто нивната сестра беше обесчестена.

28. Колку што имаше крупен и ситен добиток и ослиња, и сè што имаше во градот и во полето ги истераа;

29. ги ограбија сите нивни богатства, а сите нивни деца и жени - сè што беше во куќите - ги запленија.

30. Јаков им рече на Симеон и Леви: „Ме воведовте во неприлика, правејќи ме замразен меѓу жителите на земјава: Хананците и Ферезејците. Ако се обединат против мене и ме нападнат, додека сме оволку малку на број, ќе ме истребат со мојот дом.”

31. Тие одговорија: „Зар да постапува со нашата сестра, како со некаква блудница?”

Битие (1 Moj.) 34