Битие (1 Moj.) 34:12-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Барајте од мене колку што сакате: сè што ќе запросите ќе ви дадам, само дајте ми ја девојката за жена.”

13. Јакововите синови им одговорија на Сихем и на неговиот татко Емор со лукавство, зашто ја обесчести сестра им Дина -

14. па им рекоа: „Не можеме да се согласиме да ја дадеме сестра си на човек, кој не е обрезан, зашто тоа би било срам за нас.

15. Единствено ќе ја дадеме, под услов, ако и вие станете како нас, ако ги обрежете сите свои машки.

16. Тогаш ќе можеме да ви ги даваме своите ќерки и да ги земаме вашите за себе, да се населиме при вас и да бидеме еден род (народ).

17. А ако не нè послушате нас, да се обрежете, ќе ја земеме нашата ќерка и ќе си одиме.”

18. На Емор и Сихем, Еморовиот син, им се допаднаа зборовите.

19. Момчето не се забави да го изврши барањето, зашто копнееше по Јакововата ќерка; а беше најпочитуван од сите во татковиот дом.

20. Емор и неговиот син Сихем дојдоа пред вратата на овој град и им зборуваа вака на своите сограѓани:

21. „Овие луѓе се мирни; нека се населат меѓу нас во земјава; нека се занимаваат на неа; ете, земјата е пространа пред нив; ќе можеме да ги земаме нивните ќерки за жени, а нашите да им ги даваме ним.

22. Но луѓето ќе се согласат да живеат меѓу нас и да бидат еден народ со нас, само ако сите наши машки бидат обрезани, како што се и тие обрезани.

23. Зар така не ќе бидат наши: добитокот што го придобија, сето нивно богатство? Да се согласиме, па нека се населат среде нас!”

Битие (1 Moj.) 34