Битие (1 Moj.) 34:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Дина, ќерката што Лија му ја роди на Јакова, излезе да посети некои девојки на оној крај.

2. Ја виде Евеецот Сихем, син на Емор, кнез на онаа земја, па ја грабна и насила легна со неа.

3. Неговото срце се приврза кон Јакововата ќерка Дина, и тој се вљуби во девојката. Настојуваше да го придобие срцето на девојката.

4. Сихем му зборуваше и на татка си Емор: „Земи ми ја онаа девојка за жена!”

5. Јаков научи дека Сихем ја обесчести неговата ќерка Дина. Но бидејќи неговите синови беа со добитокот, во полето, Јаков молчеше додека не дојдоа тие.

6. А Сихемовиот татко, Емор, дојде при Јакова, за да се спогодат,

Битие (1 Moj.) 34