Битие (1 Moj.) 31:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Еднаш, кога стадото се оплодуваше, одненадеж видов во сон дека јарците во стадото, додека се спаруваа беа капчести, делумно бели и шарени.

11. Уште во сонот, Божји ангел ме повика: ‘Јакове!’ ‘Еве ме!’ реков.

12. А тој продолжи: ‘Забележи добро дека јарците во стадото, што се спаруваат се капчести, делумно бели и шарени. Имено, Јас видов сè што ти направи Лаван.

13. Јас Сум Бог, Кој ти се јави во Ветил, каде со масло го помаза столбот и каде ми направи завет. Сега стани и оди си од оваа земја; врати се во својата родина!’”

14. Рахила и Лија му одговорија на тоа: „Зар уште имаме наследнички дел во својот татков дом?

15. Зар нашиот татко не нè сметаше туѓинки? Па тој нè продаде, а потоа го изеде среброто, што го доби за нас!

16. Сето тоа богатство што Бог му го одзеде на нашиот татко, навистина е наше и на нашите деца. Затоа направи сè како што ти рече Бог!”

Битие (1 Moj.) 31