1. Тогаш Јаков научи дека Лавановите синови зборуваат: „Јаков му го одзеде целиот имот на татка ни; и го придоби сето она богатство од она што требаше да му припадне на нашиот татко.”
2. А Јаков забележа и на Лавановото лице дека тој не се држи кон него како порано.
3. Тогаш Господ му рече на Јакова: „Врати се во земјата на своите татковци, во својата родина, и Јас ќе бидам со тебе!”
4. Тогаш Јаков ги повика Рахила и Лија во полето, при своето стадо,
5. и им рече: „Јас гледам на лицето на вашиот татко дека тој не се држи кон мене како порано; ама со мене беше Бог на татка ми.
6. И самите знаете дека му служев на вашиот татко колку што можев;
7. па сепак вашиот татко ме измачуваше мене, десетпати ми ја менуваше платата. Но Бог не остави да ми нанесе штета.
8. Ако тој речеше: ‘Секоја шарена нека ти биде плата, ‘тогаш целото стадо раѓаше шарени; ако пак речеше: ‘Капчестите нека ти бидат за плата,’ тогаш целото стадо раѓаше капчести.
9. Така Бог му го одзеде добитокот на татка ви и ми го даде мене.
10. Еднаш, кога стадото се оплодуваше, одненадеж видов во сон дека јарците во стадото, додека се спаруваа беа капчести, делумно бели и шарени.
11. Уште во сонот, Божји ангел ме повика: ‘Јакове!’ ‘Еве ме!’ реков.