Битие (1 Moj.) 30:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Тогаш Рахила рече: „Господ ми пресуди право. Го послуша мојот глас и ми даде син.” Затоа му го даде името Дан.

7. Рахилината слугинка Вала зачна пак и му роди на Јакова втор син.

8. Тогаш Рахила рече: „Жестоко се борев со сестрата, ама победив.” Затоа го нарече Нефталим.

9. А откако Лија виде дека прекрати да раѓа, ја зеде својата слугинка Зелфа, па му ја даде на Јакова за жена.

10. И Кога Лиината слугинка Зелфа му роди син на Јакова,

11. Лија воскликна: „Доаѓа среќа!” Затоа го нарече со името Гад.

12. Лиината слугинка Зелфа му роди на Јакова и втор син,

13. и Лија воскликна пак: „Блазе ми! Жените ќе ме викаат блажена!” Затоа го нарече со името Асир.

Битие (1 Moj.) 30