21. Потоа Јаков му рече на Лавана: „Дај ми ја мојата жена, зашто моето време се исполни, па сакам да влезам при неа.”
22. Лаван ги собра сите луѓе од местото и им даде гозба.
23. Но вечерта ја зеде својата ќерка Лија и неа ја воведе кај Јакова, и тој и пријде.
24. Лаван и ја даде својата слугинка Зелфа на ќерка си Лија за слугинка.
25. Кога бидна утро, а тоа, ете, Лија! Тогаш Јаков му рече на Лавана: „Зошто ми стори така! Зар не ти служев јас за Рахила? Зошто ме измами?”
26. Лаван одговори: „Во нашето место не е обичај помладата да се омажи пред повозрасната.
27. Заврши ја со неа свадбенава седмица, а тогаш ќе ти ја дадам и втората, за уште седум години служба при мене.” Јаков се согласи: ја сврши свадбената седмица.
28. Тогаш Лаван му ја даде и ќерка си Рахила за жена.
29. Лаван и ја даде својата слугинка Вала на ќерка си Рахила за слугинка.