Битие (1 Moj.) 29:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Потоа Јаков му рече на Лавана: „Дај ми ја мојата жена, зашто моето време се исполни, па сакам да влезам при неа.”

22. Лаван ги собра сите луѓе од местото и им даде гозба.

23. Но вечерта ја зеде својата ќерка Лија и неа ја воведе кај Јакова, и тој и пријде.

24. Лаван и ја даде својата слугинка Зелфа на ќерка си Лија за слугинка.

25. Кога бидна утро, а тоа, ете, Лија! Тогаш Јаков му рече на Лавана: „Зошто ми стори така! Зар не ти служев јас за Рахила? Зошто ме измами?”

Битие (1 Moj.) 29