Битие (1 Moj.) 29:2-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Одеднаш забележа кладенец во полето. Три стада овци се одмараа околу него, зашто се напојуваа од кладенецот. Голем камен се наоѓаше врз кладенецот.

3. Единствено кога ќе се собереа сите сточари таму, можеа да го поместат каменот од отворот и да ги напојат овците, потоа пак го ставаа каменот на неговото место, врз отворот на кладенецот.

4. „Од каде сте, браќа мои?” ги праша Јаков. „Од Харан”, одговорија.

Битие (1 Moj.) 29