Битие (1 Moj.) 29:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Лаван му рече: „Зар ќе ми служиш бесплатно, зашто си ми внук од сестра! Кажи ми колку ќе бараш за наем?”

16. А Лаван имаше две ќерки. На повозрасната името и беше Лија, а на помладата Рахила.

17. Лија имаше слаби очи, а Рахила беше складна и убава на лице.

18. Бидејќи Јаков се вљуби во Рахила, рече: „Ќе ти служам седум години за твојата помлада ќерка Рахила.”

Битие (1 Moj.) 29