Битие (1 Moj.) 28:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Така Исак го испрати Јакова, и тој отиде во Падан Арам, при Лавана, син на Арамеецот Ватуил, брат на Ревека, мајката на Јакова и Исава.

6. Кога Исав виде дека Исак го благослови Јакова, кога го испраќаше во Падан Арам, за да си земе жена оттаму, наредувајќи му додека го благословуваше: „Не смееш да земеш жена од ханаанските девојки”,

7. и дека Јаков ги послуша татка си и мајка си и отиде во Падан Арам,

8. Исав сфати колку му се одвратни ханаанските девојки на татка му Исака.

9. Затоа отиде при Исмаила и, покрај жените кои веќе ги имаше, се ожени за Маелета, ќерка на Исмаил, синот Авраамов, а сестра Новајотова.

10. Јаков ја напушти Вирсавеа и се запати кон Харан.

11. Стигна во некое место и преноќева таму, зашто сонцето веќе беше зајдено. Зеде еден камен од местото, го стави под главата и легна на тоа место.

Битие (1 Moj.) 28