Битие (1 Moj.) 27:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Исак остаре, му гаснеше очниот вид. Затоа го повика својот повозрасен син Исав и му рече: „Сине!” Тој му одговори: „Еве ме!”

2. А тој продолжи: „Гледаш, остарев, а не го знам денот на својата смрт.

3. Затоа земи ја својата спрема, тулот и лакот, па оди во пустината и налови ми дивеч.

4. Тогаш зготви ми вкусно јадење, какво што сакам, па донеси ми да јадам и да можам да те благословам пред да умрам.”

5. Ревека слушаше додека Исак му зборуваше на сина си Исава, и кога Исав отиде во полето да налови дивеч за татка си.

Битие (1 Moj.) 27