Битие (1 Moj.) 26:30-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Тој им даде гозба, па јадеа и пиеја.

31. Рано наутро се заколнаа едни на други. Потоа Исак ги испрати, и тие си отидоа од кај него, со мир.

32. Во истиот ден Исаковите слуги дојдоа и го известија за кладенецот, што го ископаа и му рекоа: „Најдовме вода.”

33. Тој го нарече Савеа. Затоа името на градот до денес е Вирсавеа.

34. Кога Исав беше на четириесет години, ги зеде за жени: Јудита, ќерка на Хетеецот Веири, и Васемата, ќерка на Хетеецот Елон.

35. Тие станаа извор на огорчение за Исак и Ревека.

Битие (1 Moj.) 26