Битие (1 Moj.) 26:27-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Исак ги праша: „Зошто дојдовте при мене кога ме мразите и кога ме истеравте од себе?”

28. Тие одговорија: „Гледаме јасно дека Господ е со тебе: заклетвата нека биде врска меѓу нас и тебе. Дај да склучиме сојуз со тебе:

29. ти нема да ни нанесуваш зло, како што ние не те злоставувавме тебе, туку секогаш постапувавме добро со тебе и те отпуштивме со мир. А сега Господовиот благослов е на тебе.”

30. Тој им даде гозба, па јадеа и пиеја.

31. Рано наутро се заколнаа едни на други. Потоа Исак ги испрати, и тие си отидоа од кај него, со мир.

Битие (1 Moj.) 26