Битие (1 Moj.) 25:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. А ова се Исмаиловите синови, секој според своето име и раѓање: Исмаиловиот првенец - Навајот, Кидар, Адвеил, Мавсам,

14. Масма, Дума, Маса,

15. Адад, Тема, Етур, Нафис и Кедма.

16. Тоа се Исмаиловите синови и тоа се нивните имиња според нивните населби и шатори: дванаесет кнезови на толку племиња.

17. А ова е должината на Исмаиловиот живот: сто и триесет и седум години. Потоа издивна; умре и им се придружи на своите луѓе.

18. Неговите потомци се населија од Евил до Сур, што е на исток од Египет, кога се оди кон Асирија. Се населија независно од своите браќа.

19. Ова е родословие на Авраамовиот син Исак: Исак се роди од Авраама.

Битие (1 Moj.) 25