Битие (1 Moj.) 24:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. А слугата му рече: „А што, ако жената не сака да дојде со мене во оваа земја? Треба ли тогаш да го одведам твојот син во земјата откаде си дошол?”

6. Авраам му одговори: „Внимавај добро да не го вратиш таму мојот син!

7. Господ, Бог на небесата, Кој ме изведе од куќата на мојот татко и од мојот роден крај и Кој ми вети под заклетва: ‘На твоето потомство ќе му ја дадам оваа земја,’ ќе го испрати Својот ангел пред тебе, и оттаму ќе му доведеш жена на мојот син.

8. А ако жената не сака да тргне со тебе, ти ќе бидеш слободен од мојава заклетва; но мојот син не води го таму!”

Битие (1 Moj.) 24