Битие (1 Moj.) 24:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Девојката беше прекрасна, девица која маж не ја допрел. Таа слезе при кладенецот, ја наполни врчвата, и ете ја пак горе.

17. Слугата и се затрча во пресрет и и рече: „Дај ми малку вода од твојата врчва!”

18. „Пиј, господине!” - одговори таа. Брзо ја спушти врчвата на рака и му даде да пие.

19. Откако го напи него, рече: „Ќе им налеам и на твоите камили, за да се напијат.”

Битие (1 Moj.) 24