Битие (1 Moj.) 23:14-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Ефрон му одговори на Авраама:

15. „Чуј ме, мој господару: земја во вредност од четири стотини сребреници, што е тоа за тебе и за мене! И така, погреби ја својата покојница!”

16. Авраам се согласи со Ефрона, му исплати онолку, колку што спомна, така што можеа да чујат со свои уши Хетевите синови - четири стотини сребреници, според трговската мера.

17. И така Ефроновата нива во Махпела, спроти Мамвриј - нивата, пештерата и сите дрва што беа во нивата -

18. преминаа во сопственост на Авраама, на очиглед на Хетевите синови, на сите кои седеа во советот на својот град.

19. А тогаш Авраам ја погреба својата жена Сбра во пештерата на нивата Махпела, спроти Мамвриј, а тоа е Хеврон, во Ханаанската Земја.

20. Така нивата и пештерата во неа, преминаа од Хетевите синови во сопственост на Авраама за погребување.

Битие (1 Moj.) 23