12. Авраам им се поклони длабоко на месните жители,
13. а тогаш му проговори на Ефрона, за да чујат месните жители со свои уши: „Ако сакаш, те молам, послушај ме! Ќе ти ја платам вредноста на нивата; прими ја од мене; за да можам да ја погребам таму својата покојница!”
14. Ефрон му одговори на Авраама:
15. „Чуј ме, мој господару: земја во вредност од четири стотини сребреници, што е тоа за тебе и за мене! И така, погреби ја својата покојница!”
16. Авраам се согласи со Ефрона, му исплати онолку, колку што спомна, така што можеа да чујат со свои уши Хетевите синови - четири стотини сребреници, според трговската мера.
17. И така Ефроновата нива во Махпела, спроти Мамвриј - нивата, пештерата и сите дрва што беа во нивата -