Битие (1 Moj.) 23:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. А Ефрон седеше меѓу Хетевите синови. Потоа Ефрон, Хетеец, му одговори на Авраама, за да чујат Хетевите синови со свои уши - сите што седеа во советот на оној град:

11. „Не, мој господару! Послушај ме! Јас ти ја давам нивата и пештерата што е во неа; ти го подарувам тоа пред сите синови на својот народ. Погреби ја својата покојница.”

12. Авраам им се поклони длабоко на месните жители,

13. а тогаш му проговори на Ефрона, за да чујат месните жители со свои уши: „Ако сакаш, те молам, послушај ме! Ќе ти ја платам вредноста на нивата; прими ја од мене; за да можам да ја погребам таму својата покојница!”

14. Ефрон му одговори на Авраама:

Битие (1 Moj.) 23