Битие (1 Moj.) 22:18-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Бидејќи ја послуша Мојата заповед, сите народи на земјата ќе бидат благословени преку твоето потомство.”

19. Потоа Авраам се врати при своите слуги и заедно се запатија кон Вирсавеа. Авраам се насели во Вирсавеа.

20. По тие настани му соопштија на Авраама: „И на твојот брат Нахор - Мелха му народи деца:

21. неговиот првороденец Уз, брата му Уза; и Камуела - Арамовиот татко,

22. Кеседа, Азава, Филдеса, Едлафа и Ватуела.

23. Ватуел беше Ревекин татко. Тие осуммина му ги роди Мелха на Нахора, Авраамовиот брат.

24. А и неговата соложница, чие име беше Ревма, ги роди: Тавека, Гама, Тахаса и Мааха.

Битие (1 Moj.) 22