5. А Авраам беше на сто години кога му се роди синот Исак.
6. Сбра рече: „Бог ме направи за потсмев, и секој што ќе го чуе ова, ќе ми се насмее.”
7. Уште додаде: „Кој би му рекол некогаш на Авраама: ‘Сбра ќе ти храни дете!’ Сепак му родив син во старост.”
8. Детето растеше и го одбија од градата. А во денот, кога го одбија Исака, Авраам даде голема гозба.
9. Сбра виде како синот на Египетката Агара, кого му го роди на Авраама, се поигрува со нејзиниот син Исак,
10. и му рече на Авраама: „Изгони ги слугинката и нејзиниот син, зашто синот на робинката не смее да биде наследник со мојот син - со Исака!”
11. Тоа не му беше мило на Авраама, зашто и Исмаил беше негов син.
12. Но Бог му рече на Авраама: „Да не ти е тешко заради детето и заради својата слугинка; послушај сè што ти вели Сбра, зашто Исаковото семе ќе го овековечи твоето име.
13. И од синот на твојата слугинка, ќе издигнам голем народ, зашто е твој потомок.”
14. Рано наутро Авраам зеде леб и мев со вода па ги даде на Агара; ги стави на нејзините раменици и ја отпушти. Таа скиташе ваму-таму по пустината Вирсавеа.
15. Откако ја потроши водата од мевот, го остави детето под една грмушка,
16. а самата отиде и седна наспроти, далеку колку што може лак да фрли. Велеше во себе: „Нејќам да видам како умира детето.” Седејќи така, почна да плаче.
17. Бог го чу плачењето на детето, и Божји ангел ја повика од небото Агара и и рече: „Што ти е, Агаро? Не бој се! Зашто Бог го чу плачот на детето во неговата неволја!
18. Стани! Крени го детето и утеши го, зашто од него ќе издигнам голем народ.”
19. Тогаш Бог и ги отвори очите и таа забележа извор на вода. Отиде и го наполни мевот со вода, па го напои детето.