Битие (1 Moj.) 21:24-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. „Се колнам”, одговори Авраам.

25. Тогаш Авраам го укори Авимелеха заради водниот кладенец, што го присвоија Авимелеховите слуги.

26. А Авимелех рече: „Не знам кој го направил тоа; ни ти не ме извести за тоа, ниту јас чув за тоа, освен денес.”

27. Авраам зеде овци и говеда па му ги даде на Авимелеха, и тие двајца склучија договор.

28. Потоа Авраам оддели настрана седум јагниња од стадото.

29. Тогаш Авимелех го праша Авраама: „Што значат овие седум јагниња, што ги оддели настрана?”

30. А тој одговори: „Прими ги седумве јагниња од моја рака, да ми бидат доказ дека јас го ископав кладенецов.”

31. Затоа местото е наречено Вирсавеа (Заклетвен Кладенец), зашто обајцата се заколнаа таму.

32. Откако склучија сојуз, при Вирсавеа, Авимелех и военачалникот на неговата војска Филох си отидоа и се вратија во земјата на Филистејците.

33. Авраам засади гора при Тамариска Вирсавеа и таму го повика името на Господ - Вечниот Бог.

34. Долго време престоја Авраам во Филистејската Земја како придојденик.

Битие (1 Moj.) 21