16. а самата отиде и седна наспроти, далеку колку што може лак да фрли. Велеше во себе: „Нејќам да видам како умира детето.” Седејќи така, почна да плаче.
17. Бог го чу плачењето на детето, и Божји ангел ја повика од небото Агара и и рече: „Што ти е, Агаро? Не бој се! Зашто Бог го чу плачот на детето во неговата неволја!
18. Стани! Крени го детето и утеши го, зашто од него ќе издигнам голем народ.”
19. Тогаш Бог и ги отвори очите и таа забележа извор на вода. Отиде и го наполни мевот со вода, па го напои детето.
20. Бог беше со детето, па растеше и порасте. Живееше во пустината и стана искусен во стрелање со лак.
21. Неговиот дом беше во пустината Фаран; а неговата мајка му доведе жена од Египетската Земја.
22. Во тоа време, Авимелех - кого го придружуваше Филох, заповедник на неговата војска - му рече на Авраама: „Бог е со тебе во сè што правиш.
23. Затоа, заколни ми се сега и тука во Бога, дека нема да нè мамиш ни мене, ниту моите роднини и пријатели, туку дека ќе се однесуваш чесно кон мене и кон земјата во која живееш сега, како што јас се однесов кон тебе.”
24. „Се колнам”, одговори Авраам.
25. Тогаш Авраам го укори Авимелеха заради водниот кладенец, што го присвоија Авимелеховите слуги.