Битие (1 Moj.) 21:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. а самата отиде и седна наспроти, далеку колку што може лак да фрли. Велеше во себе: „Нејќам да видам како умира детето.” Седејќи така, почна да плаче.

17. Бог го чу плачењето на детето, и Божји ангел ја повика од небото Агара и и рече: „Што ти е, Агаро? Не бој се! Зашто Бог го чу плачот на детето во неговата неволја!

18. Стани! Крени го детето и утеши го, зашто од него ќе издигнам голем народ.”

19. Тогаш Бог и ги отвори очите и таа забележа извор на вода. Отиде и го наполни мевот со вода, па го напои детето.

20. Бог беше со детето, па растеше и порасте. Живееше во пустината и стана искусен во стрелање со лак.

Битие (1 Moj.) 21