1. Господ се сети за Сбра како што рече, и стори за неа како што вети:
2. Сбра зачна и му роди на Авраама син, во неговата старост - во времето што Бог го означи.
3. Авраам му даде име Исак на синот, што му го роди Сбра.
4. И по осум дни Авраам го обреза својот син Исак, како што Бог му нареди.
5. А Авраам беше на сто години кога му се роди синот Исак.
6. Сбра рече: „Бог ме направи за потсмев, и секој што ќе го чуе ова, ќе ми се насмее.”
7. Уште додаде: „Кој би му рекол некогаш на Авраама: ‘Сбра ќе ти храни дете!’ Сепак му родив син во старост.”
8. Детето растеше и го одбија од градата. А во денот, кога го одбија Исака, Авраам даде голема гозба.
9. Сбра виде како синот на Египетката Агара, кого му го роди на Авраама, се поигрува со нејзиниот син Исак,
10. и му рече на Авраама: „Изгони ги слугинката и нејзиниот син, зашто синот на робинката не смее да биде наследник со мојот син - со Исака!”
11. Тоа не му беше мило на Авраама, зашто и Исмаил беше негов син.
12. Но Бог му рече на Авраама: „Да не ти е тешко заради детето и заради својата слугинка; послушај сè што ти вели Сбра, зашто Исаковото семе ќе го овековечи твоето име.
13. И од синот на твојата слугинка, ќе издигнам голем народ, зашто е твој потомок.”