7. Сега врати му ја жената на човекот; тој е пророк; ќе моли за тебе, за да останеш во живот. Ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш, ти и сите твои.”
8. Рано наутро Авимелех стана, ги свика сите свои слуги и им кажа сè што беше, и луѓето се исплашија многу.
9. Потоа Авимелех го повика Авраама и му рече: „Што ни стори! Со што згрешив јас кон тебе, за да ме изложиш мене, и моето царство, на голем грев? Се однесе кон мене како што не чини.
10. И така, што имаше на ум - го праша Авимелех - кога правеше така?”
11. Авраам одговори: „Навистина сметав дека нема Божји страв во ова место и дека луѓето ќе ме убијат заради мојата жена.
12. Освен тоа, таа е навистина моја сестра: ќерка е на татка ми, иако не и на мајка ми, па ми стана жена.
13. А кога Бог ме оддалечи од татковиот дом, и реков: „Направи ми ја оваа услуга; каде и да дојдеме, кажи за мене дека сум ти брат.”
14. Авимелех зеде овци и говеда, слуги и слугинки и му ги даде на Авраама; му ја врати и жена му Сбра.
15. Потоа Авимелех рече: „Еве, мојата земја ти е отворена. Насели се каде што ќе ти се види за добро!”
16. А на Сбра и рече: „Еве илјада сребреници, што ги давам на твојот брат: нека ти биде превез пред очите на сите кои се со тебе. Ти си секако оправдана.”
17. Авраам му се помоли на Бога, и Бог ги исцели Авимелеха, неговата жена и неговите слугинки, така што пак можеа да раѓаат.
18. Зашто Господ ја затвори секоја утроба, во Авимелеховиот дом, заради Авраамовата жена Сбра.