Битие (1 Moj.) 20:6-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Бог му одговори на сон: „Знам дека тоа го стори со чиста совест; и Јас те задржав да не згрешиш против Мене; и не оставив да се допреш до неа.

7. Сега врати му ја жената на човекот; тој е пророк; ќе моли за тебе, за да останеш во живот. Ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш, ти и сите твои.”

8. Рано наутро Авимелех стана, ги свика сите свои слуги и им кажа сè што беше, и луѓето се исплашија многу.

Битие (1 Moj.) 20