Битие (1 Moj.) 2:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во него се одмори од сите Свои дела, кои ги создаде Бог и ги направи.

4. Тоа се раѓањата на небото и земјата, кога беа создавани. Во денот кога Господ, Бог, ги правеше земјата и небото,

5. уште немаше никакво полско растение по земјата, уште немаше никнато никакво зеленило, зашто Господ, Бог, уште не пушти дожд на земјата, и го немаше човекот да ја обработува земјата.

6. Но се креваше пареа од земјата, и ја натопуваше почвата на целата земја.

Битие (1 Moj.) 2