Битие (1 Moj.) 2:23-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Тогаш човекот рече: „Сега најпосле, тоа е коска од моите коски, и месо од моето месо! Нека биде наречена Жена, зашто е земена од Мажот!”

24. Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело.

25. А обајцата беа голи, човекот и неговата жена, но не се срамуваа.

Битие (1 Moj.) 2