1. Така беа довршени небото и земјата со сето свое воинство.
2. И на седмиот ден Бог ги заврши Своите дела, што ги направи. И се одмори во седмиот ден од сите Свои дела, што ги направи.
3. И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во него се одмори од сите Свои дела, кои ги создаде Бог и ги направи.
4. Тоа се раѓањата на небото и земјата, кога беа создавани. Во денот кога Господ, Бог, ги правеше земјата и небото,
5. уште немаше никакво полско растение по земјата, уште немаше никнато никакво зеленило, зашто Господ, Бог, уште не пушти дожд на земјата, и го немаше човекот да ја обработува земјата.
6. Но се креваше пареа од земјата, и ја натопуваше почвата на целата земја.