Битие (1 Moj.) 19:35-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Го испијанија таткото со вино и во таа ноќ, па помладата отиде и легна со него, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала.

36. Така обете Лотови ќерки забременија од таткото.

37. Постарата роди син и му даде име Моав (Тој е од мојот татко). Тој е прататко на денешните Моавци.

38. И помладата роди син и му даде име Бен-Ами (Тој е син на мојот род). Тој е прататко на денешните Амонци.

Битие (1 Moj.) 19