2. „Ве молам, господари, вратете се во куќата на својот слуга, за да преноќевате и за да си ги измиете нозете; а утре рано тргнете на пат.” А тие рекоа: Не, ќе преноќеваме на улица.”
3. Но тој ги викаше упорно и тие се вратија кај него и влегоа во неговата куќа. Тој ги нагости, им испече бесквасен леб и јадоа.
4. Уште не беа легнале, да одморат, кога жителите на градот, Содомците, млади и стари, целиот народ до последниот човек, ја опкружија куќата.
5. Го викнаа Лота и му рекоа: „Каде се луѓето, кои дојдоа ноќеска кај тебе? Изведи ни ги, за да ги познаеме?”