Битие (1 Moj.) 18:24-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Можеби има педесет праведници во градот. Зар ќе го уништиш местото и нема да го поштедиш заради педесетте невини, кои се таму?

25. Далеку да е од Тебе тоа да го погубиш невиниот со виновниот, така што и праведниот и нечесниот да поминат исто! Далеку да е од Тебе! Зар ни Судијата на целиот свет нема да суди праведно?”

26. „Ако најдам педесет праведни во градот Содом - одговори Господ - заради нив ќе го поштедам целото место.”

27. „Еве, јас пак се осмелувам да му зборувам на Господа, - пак проговори Авраам. - Јас, кој сум прав и пепел:

Битие (1 Moj.) 18