Битие (1 Moj.) 17:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Ќе те направам многу плоден; ќе произведам народи од тебе и цареви ќе произлезат од тебе.

7. Го склучив Својот Завет меѓу Мене и тебе и твоето потомство, после тебе - Свој вечен Завет за векови: Јас ќе ви бидам Бог тебе и на твоето потомство, после тебе.

8. Ви ја давам, тебе и на твоето потомство после тебе, земјата, во која престојуваш како придојденец, целата Ханаанска Земја, во вечна сопственост, а Јас ќе им бидам Бог.”

9. Уште Бог му рече на Авраама: „А ти чувај го Мојот Завет - ти и твоето потомство по тебе низ сите родови.

Битие (1 Moj.) 17