1. По тие настани Бог му испрати слово на Аврама, во видение: „Не бој се, Авраме! Јас Сум твој штит; а твојата награда ќе биде многу голема.”
2. Аврам рече: „Господи Боже, што ќе ми се даровите, кога останав без пород; кога овој Елиезер, од Дамаск, ќе го наследи мојот дом?”
3. Аврам рече уште: „Ете, не ми даде потомство, и слугата роден во мојот дом ќе ми биде наследник.”
4. Ама Господ пак му испрати слово: „Тој нема да стане твој наследник; туку ќе те наследи твојот потомок, кој ќе произлезе од твоето бедро.”
5. Го изведе надвор и рече: „Погледај сега на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги преброиш.” И му рече: „Толкаво ќе биде твоето потомство.”
6. Аврам Му поверува на Господа и тоа му се засмета за праведност.
7. Тогаш Тој му рече: „Јас Сум Господ, Кој те изведе од Халдејскиот Ур, за да ти ја предадам оваа земја во наследство!”
8. А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе знам дека ќе биде моја?”