Битие (1 Moj.) 14:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Сите тие се собраа во Сидимската Долина, каде е денес Соленото Море.

4. Дванаесет години му служеа на Ходолгомор, но на тринаесеттата кренаа востание.

5. Во четиринаесеттата година се кренаа Ходолгомор и царевите што беа со него и ги поразија: Рафајците во Карнаимскиот Астарот и Зузејците во Ам и Омејците во Киријатското Поле,

6. и Хорејците во планинскиот крај Сир, близу до Фаранската Рамница, што е покрај пустината.

7. Оттаму се повлекоа назад и стигнаа во Ен-Миспат, што е сега Кадис, и ја покорија целата земја на Амаликците и на Аморејците, кои живееја во Асасон-Тамар.

Битие (1 Moj.) 14