Битие (1 Moj.) 14:22-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Аврам му одговори на царот на Содом: „Ја кревам раката пред Сèвишниот Господ, Создателот на небото и земјата,

23. и се колнам дека нема да земам ни конче ни ремче за обувка, ни што и да е твое, за да не речеш: ‘Аврам се збогати од мене’,

24. освен она што го изедоа моите момчиња и делот на мажите, кои дојдоа со мене: Авнан, Есхол и Мамриј, тие нека си го земат делот.”

Битие (1 Moj.) 14