8. Оттаму се премести кон ридот, што е на исток од Ветил. Таму го оптегна својот шатор, меѓу Ветил на запад и Гај на исток. И таму Му направи жртвеник на Господа и го повика Господовото име.
9. Потоа Аврам продолжи да патува сè кон југ, кон Негев.
10. Кога настапи глад во земјата, Аврам слезе во Египет да поживее таму, зашто голем глад завладеа во земјата.
11. Кога се наближи до влезот во Египет, и рече на својата жена Сара: „Знам дека си убава жена.
12. Кога Египетците ќе те видат, ќе речат: ‘Тоа е неговата жена’, и мене ќе ме убијат, а тебе ќе те остават жива.
13. Кажи дека си ми сестра, за да ми биде и мене добро заради тебе и да го запазат мојот живот заради твојот збор.”
14. Навистина, кога Аврам влезе во Египет, Египетците видоа дека жената е многу убава.
15. Ја видоа и фараоновите дворјани и му ја пофалија на фараонот и ја одведоа жената во фараоновиот дворец.