14. Навистина, кога Аврам влезе во Египет, Египетците видоа дека жената е многу убава.
15. Ја видоа и фараоновите дворјани и му ја пофалија на фараонот и ја одведоа жената во фараоновиот дворец.
16. Тој му направи добро на Аврама заради неа; Аврам имаше овци, говеда, ослиња, слуги, слугинки, ослици и камили.
17. Но Господ ги удри фараонот и неговиот дом со големи проклетства заради Аврамовата сопруга Сара.
18. Тогаш фараонот го повика Аврама и му рече: „Што е тоа што ми направи? Зошто не ми кажа дека ти е жена?
19. Зошто ми рече - сестра ми е - па јас си ја зедов за жена. А сега, ете ти ја жената, земи ја и оди си.”
20. И фараонот му одреди луѓе, кои го испратија со неговата жена и со сè што имаше.