7. Да слеземе и да им го измешаме јазикот, за да не се разбираат еден со друг што зборуваат.”
8. Така Господ ги распрсна оттаму по целата земја и прекратија да го ѕидаат градот.
9. Затоа е наречен Вавилон (Мешање), зашто Господ го измеша таму јазикот на целата земја.
10. Овие се Симови потомци: кога Сим имаше сто години - на две години по потопот - му се роди Арфаксад.
11. По Арфаксадовото раѓање, Сим живееше пет стотини години и му се раѓаа уште синови и ќерки.
12. Кога Арфаксад наполни триесет и пет години, му се роди Сала;
13. а по Салиното раѓање Арфаксад живееше четири стотини и три години, и му се раѓаа уште синови и ќерки.
14. Кога Сала имаше триесет години, му се роди Евер;
15. а по Еверовото раѓање Сала живееше четири стотини и три години, и му се раѓаа уште синови и ќерки.
16. Кога Евер имаше триесет и четири години, му се роди Фалек.