4. Тогаш рекоа: „Ајде, да си изградиме град и кула, со врв до небото! Да си спечалиме име, за да не се распрснеме по целата земја!”
5. Господ слезе да ги види градот и кулата, што луѓето ги градеа.
6. И Господ рече: „Ете, еден народ се, со еден јазик за сите! Но, ова е само почеток на нивните настојувања. Сега ништо нема да им биде неостварливо, што и да намислат да направат.
7. Да слеземе и да им го измешаме јазикот, за да не се разбираат еден со друг што зборуваат.”
8. Така Господ ги распрсна оттаму по целата земја и прекратија да го ѕидаат градот.
9. Затоа е наречен Вавилон (Мешање), зашто Господ го измеша таму јазикот на целата земја.
10. Овие се Симови потомци: кога Сим имаше сто години - на две години по потопот - му се роди Арфаксад.
11. По Арфаксадовото раѓање, Сим живееше пет стотини години и му се раѓаа уште синови и ќерки.
12. Кога Арфаксад наполни триесет и пет години, му се роди Сала;
13. а по Салиното раѓање Арфаксад живееше четири стотини и три години, и му се раѓаа уште синови и ќерки.
14. Кога Сала имаше триесет години, му се роди Евер;
15. а по Еверовото раѓање Сала живееше четири стотини и три години, и му се раѓаа уште синови и ќерки.
16. Кога Евер имаше триесет и четири години, му се роди Фалек.
17. По Фалековото раѓање, Евер поживеа четири стотини и триесет години, и му се родија уште синови и ќерки.
18. Кога Фалек наполни триесет години, му се роди Рагав.
19. По Рагавовото раѓање, Фалек живееше двеста и девет години, и му се родија уште синови и ќерки.