2. Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.
3. А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.
4. А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.
5. Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.
6. Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.
7. А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.
8. Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.
9. Тој беше добар ловец пред Господа. Затоа се вели: „Голем ловец, пред Господа, како Нимрод!”
10. Во почеток тој царуваше над Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Сенарската Земја.
11. Од таа земја излезе Асур и ги изгради: Ниневија, Ровот-Ир, Халах
12. и Ресен, меѓу Ниневија и Халах, што е голем град.