Битие (1 Moj.) 1:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.

2. Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.

3. И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.

4. И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.

5. Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.

6. И Бог рече: „Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!”

7. Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така.

8. А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро - втор ден.

9. И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така.

10. Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.

Битие (1 Moj.) 1