1. Молитва на пророк Хабакук врз Шигонот.
2. Господи, ја чув Твојата вест, и сум уплашен. Господи, оживи го делото Свое среде годините, среде годините објави го. Во гневот спомни си за милост!
3. Бог доаѓа од Теман, и Светецот од планината Фаран. Неговото величество ги покрива небесата, и земјата е полна со фала кон Него.
4. Болскотот Му е како светлина, зраци светкаат од Неговите раце, таму е скривалиштето на Неговата сила,
5. Помор оди пред Него, треската Го следи по стапките.
6. Тој застана и земјата се тресе, Тој погледа, и ги стресе народите. Тогаш се растурија дамнешните планини, вечните ридови пропаднаа, одењата на вечноста се Негови.