Авакум 2:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Не ќе ли станат наеднаш твоите заемодавачи, не ќе ли се разбудат оние кои собираат од тебе? Тогаш ќе им бидеш плен!

8. Зашто ограби многу народи, сиот остаток од луѓето ќе те ограби тебе, поради човечката крв, и насилството извршено над земјата, над градот и сите негови жители.

9. Тешко му на оној, кој придобива неправедна печалба за својата куќа, за да го постави гнездото си на високо, и да се избави од раката на злото.

10. Си смислил срам за својата куќа уништувајќи многу племиња, и си згрешил против себе.

11. Зашто од самите ѕидови каменот вика, а гредата од дрвата му одговара.

12. Тешко му на оној, кој гради град со крв и ја засновува тврдината врз неправда!

Авакум 2