Амос 6:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тргнете во Хална и видете, отидете оттаму во Големиот Емат, слезете во Филистејскиот Гат. Дали им е подрачјето поголемо од вашето?

3. Мислите: далеку е кобниот ден, и ја приближувате власта на насилството.

4. Лежејќи врз легла од слонова коска, навалени на постелите, јадат јагниња од стадото и телиња од стајата.

5. Викаат покрај звукот на псалтирот, измислуваат свирки како Давид,

Амос 6