Амос 6:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Горко им на безгрижните на Сион и на „спокојните” на Самариската Гора, наречени „првина на народите,” на кои им се обратува Израелевиот дом.

2. Тргнете во Хална и видете, отидете оттаму во Големиот Емат, слезете во Филистејскиот Гат. Дали им е подрачјето поголемо од вашето?

3. Мислите: далеку е кобниот ден, и ја приближувате власта на насилството.

4. Лежејќи врз легла од слонова коска, навалени на постелите, јадат јагниња од стадото и телиња од стајата.

Амос 6